Во последниот натпревар од 11-то коло на италијанското фудбалско првенство, Сапдорија како гостин го совлада СПАЛ во Ферара со 1:0 и му го препушти последното место на табелата.
Стрелец на победничкиот гол во судиското продолжение на натпреварот беше Џанлука Капрари.
Со оваа победа Сампдорија собра вкупно осум бодови, со кои скокна на 18-то место, колку што има нејзиниот градски ривал Џенова на Горан Пандев на 17-то место. СПАЛ, пак, остана на седум бодови, колку што има и претпоследната Бреша.
На врвот на табелата е актуелниот шампион Јувентус со 29 бодови, додека второпласираниот Интер има бод помалку, а римските клубови Рома и Лацио заостануваат шест односно осум бодови за миланскиот.