Во дербито и воено последен меч од петтото коло на италијанското фудбалско првенство, Милан и Рома на стадионот „Џузепе Меаца“, кога играат „црвено-црните“ одиграа одличен натпревар со шест погодоци, а на крајот резултатот гласеше 3:3.
Домашните водеа со 1:0, 2:1 и 3:2, но Рома во сите три наврата се враќаше и на крајот избори реми со кое ја прекина победничката низа на „Росонерите“.
Два гола за Милан постигна Златан Ибрахимовиќ, во 2 минута а во 79 минута реализираше пенал, а во 47 минута погоди и Алексис Салемакерс. За „Волчицата“ стрелци беа Един Џеко во 14, Жордан Берету во 71 минута од пенал и Мараш Кингулја во 84 минута.
Ибрахимовиќ, кој на 3-ти октомври наполни 39 години, во одиграните три натпревара сезонава во Серија А веќе постигна шест погодоци,
Милан остана на врвот на табелата со 13 бодови, два повеќе од Наполи и Сасуоло, додека Рома со осум бодови е 9-та.