Десет фенг шуи совети за украсување на новогодишна елка

Во последниве години фенг шуи (кинеската филозофија на уредување на домот) станува сѐ попопуларен термин што се користи во многу домаќинства.

Според неа, постојат правила за уредување на домот, а покрај тоа, има и уште многу други мали фенг шуи совети, како што се мириси кои привлекуваат љубов, среќа и пари, или билки кои привлекуваат позитивна енергија.

Освен сето тоа, фенг шуи принципот се користи и за украсување на новогодишната елка.

Па, доколку сакате вашата елка да ја накитите според фенг шуи, прочитајте ги следниве совети:

1. Елката
Според фенг шуи, елката припаѓа на дрвениот елемент и претставува раст и виталност. Ако вашата елка е нова, значи дека има одлична Чи енергија. Но, дури и ако е така, кога ќе ја извадите од кутијата, оставете ја малку пред да почнете да ја декорирате. Ако елката е од претходни сезони, прочистете ја енергетски, со темјан, поминувајќи низ неа од доле нагоре.

2. 5-те елементи на фенг шуи
Доколку не знаете во која боја да ја украсите, или пак, сакате да го поврзете украсувањето со вашите цели, погледнете кои бои во кој елемент спаѓаат:

Црвената како доминантна боја – Оган

Ако сакате да ја зголемите мотивацијата за почнување нови проекти или да ја активирате енергијата во одреден дел од животот, огнениот елемент треба да биде доминантен елемент на вашата новогодишна елка оваа година.

Внесете го огнениот елемент преку црвени лампиони и други украси како машни и ѕвезди, ѕвончиња, фигури кои висат, а претставуваат луѓе или животни, венци и светилки во оваа боја.

Белата и златната како доминантни бои – Метал

Ако сакате да се фокусирате на финансиски раст, вашата елка оваа година треба да го содржи металниот елемент. Внесете го металниот елемент преку лампиони, венци, фигури, ленти и подароци во овие бои.

Сината како доминантна боја – Вода

Ако сте постојано неодлучни и она што ви е потребно е разјаснување на вашите идеи, сината како предоминантна боја на елката ќе ви помогне во тоа. Внесете го овој елемент преку сини тонови на украсите и неправилни форми.

Дрвена елка – Дрво

Ако сакате да започнете нов бизнис или да го зголемите и проширите оној што веќе го имате, дрвото е вашиот елемент за оваа година. Создадете необична новогодишна елка користејќи ја вашата креативност и направете елка од гранки или други дрвени елементи.

Природно дрво – Земја

Ако претходната година била раздвижена и полна со случувања и она што ви е потребно е сталожување, земјините бои ќе ви бидат од корист при активирање на желбите. Внесете го земјиниот елемент преку глинена жардињера ако ставате вистинска природна елка, или доколку е вештачка, со налик на природна, ставете подлога со земјена боја за да ги покриете ногарките.

3. Симбол на боите
Ако сѐ уште не се одлучивте за одредена боја, симболизирањето можеби ќе ви помогне:

Црвена и златна – двете бои се поврзуваат со пари и изобилство на добро богатство.

Зелена и виолетова – привлекуваат позитивна енергија во домот.

Сина, бела и сребрена – помагаат при постигнување хармонична енегија во домот.

4. Шарена елка во повеќе бои
Ако сакате да експериментирате со нови работи и не можете да се одлучите за боја, секогаш постои план Б – колоритна елка.

Шарената елка ги претставува сите елементи преку својствата на секоја боја, правејќи баланс и носејќи ред и хармонија во домот.

5. Симболизација на предметите
Потковицата, шарените топчиња, ѕвончиња и шишарки, симболизираат изобилство на добра среќа и радост во годината која следи.