![dolari_pari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/dolari_pari.jpg?resize=640%2C354&ssl=1)
Полицијата во Јута ја извести јавноста дека има сомнежи оти Американка 10 години го чувала телото на сопругот во замрзнувач и во тој период ја користела неговата ветеранска пензија, во вкупен износ од 177.000 долари, како и останатите привилегии.
Портпаролката на полицијата во градот Туел, Јута, САД, изјави дека жената е пронајдена мртва во својот стан минатиот месец. Полицајците потоа го прегледале живеалиштето, па го пронашле и телото на мажот.
Градските власти претпоставуваат дека тој починал од болест 2009 година, додава гласноговорничката.
Овој понеделник пак, истражителите нашле писмо заверено во декември 2008 година. Се смета дека, веројатно, е напишано од самиот сопруг. Во него се вели дека сопругата не е одговорна за неговата смрт.