(ВИДЕО) Десет млади фудбалери загинаа во пожар во тренинг камп на Фламенго

Десет млади фудбалери ги загубиле, а најмалку уште три се повредени во пожарот кој во петокот избивнал во тренинг кампот на славниот бразилски клуб Фламенго во Рио де Жанеиро, јавува телевизијата Globo без да ги наведе изворите.

Пожарот избувнал во Нињо до Урубу, во клупскиот тренинг камп кој е проширен и отворен пред само два месеца.

Како што јавува Globo, прикажувајќи снимка од воздух од пожарот кој е веќе ставен под контрола на пожарникарите, во просториите зафатени од огнот се наоѓале млади фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

„Децата од младинската екипа на Фламенго спиеле во моментот кога избувнал пожарот“, изјавил за Globo News пожарникарот Даглас Енаут.

Играчите од првата екипа на Фламенго требало да го започнат тренингот во Нињо до Урубу во 9,30 часот по локално време.

Клубот од кој поникнаа ѕвездите Зико, Жуниор и Леонардо, е еден од клобовите со најголема навивачка база во Бразил, а Фламенго е познат и ширум светот.

Пожарот избувнал во 5 часот утрото по локално време, откако Рио со денови беше под обилни врнежи во кои животите ги загубија шест лица.

ВИДЕО