Десет лица загинале, од кои двајца се Британци и една Холанѓанка, а едно дете исчезна во поплавите кои ноќта меѓу вторникот и средата го погодија источниот дел на Мајорка, главниот остров на шпанскиот туристички архипелаг Балеари.
Жртвите се британска брачна двојка и жена од Холандија, две Шпанки и четворица Шпанци и еден маж за кој се верува дека е странец и кој уште не е идентификуван, објави во средата ноќта итната служба на Балеари.
Едно дете и натаму се смета за исчезнато, претходно наведоа службите кои информираат на каталонски, шпански, англиски и германски јазик, бидејќи на островите има многу Британци и Германци.
Обилните врнежи предизвикаа поплави на Мајорка доцна вечерта во вторникот. Пороите од матна вода носеле автомобили низ стрмните улици во источниот град Сан Лоренцо. Реките кои се излеале од своите корите, пак, носеле и куќи чиишто сопственици морале да побараат засолниште во спортската сала во соседниот град Манакор.