
Со 1.853 тестирања во изминатите 24 часа, што е за речиси 800 теста помалку од претходниот ден, забележани се 428 нови случаи на зараза со коронавирусот наспроти 594 коронаинфекции од саботата, а бројот на смртните исходи како последица од компликации од Covid-19 во неделата изнесува 10, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата на почетокот од март изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.
Министерството информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на коронавирусот, и тоа во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив еден пациент е починат вонболнички услови, останатите девет се починати во болниците.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се шет деца и шест мајки позитивни на Covid-19, едно дете и двет мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми на заразени, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се два пациента.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на инфекција со коронавирусот.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.
Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9854, активни 2655
• Куманово 1973, активни 218
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1443, активни 160
• Прилеп 925, активни 227
• Тетово 1722, активни 291
• Струга 749, активни 79
• Велес 429, активни 96
• Битола 467, активни 155
• Охрид 510, активни 89
• Кавадарци 321, активни 89
• Гостивар 1028, активни 97
• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 580, активни 360
• Крива Паланка 176, активни 60
• Радовиш 170, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 567, активни 205
• Пробиштип 139, активни 24
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 9
• Берово 164, активни 41
• Валандово 82, активни 50
• Виница 150, активни 49
• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 423, активни 59
• Кичево 416, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456, Биотек-202, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -85, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје, а денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 118
• Гази Баба – 282
• Аеродром – 531
• Карпош – 437
• Центар – 448
• Кисела Вода – 312
• Ѓорче Петров – 208
• Бутел – 107
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 36
• Сопиште – 20
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –16
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 70