Њујорк забрани венчавка со 10.000 гости

AP Photo/Mark Lennihan)

Властите на сојузнаа држава Њујорк забранија одржување венчавака на која биле поканети повеќе од 10.000 гости, порачувајќи им на младенците дека и онака „ќе го имаат истиот резултат“ и оти без толку гости, а притоа и ќе минат поевтино.

Канцеларијата на шерифот Рогленд ги известил властите за најавена голема свадба предвидена за понеделникот во Вилијамсбург, каде што живее голема заедница на ортодоксните Евреи.

„Кажано ни е дека тоа ќе се одржи. Малку истраживме и заклучивем дека тоа е веројатно точно. Била планирана голема венчавка коај би ги прекршила правилата за собири“ воведени поради епидемијата на короанвирусот, соопшти гувернерот Ендрју Куомо.

Според Елизабет Гервеј, советничка на гувернерот Куомо, „повеќе од десет илјади луѓе тренало да учествуваат“ на споменатата венчавка.

„Видете, можете да се венчате, но не можете да повиката илјадници луѓе на венчавката. На крајот ќе го имате истиот резултат. А и поевтино е“, порача Куомо.

Според локалните медиуми, станува збор за венчавка во заедницата на ортодоксни Евреи, која неодамна протестираше во Њујорк против мерките воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.