Сите десет патници, од кои пет се членови на едно семејство, во авионот кој се урна во неделата во Костарика се туристи од САД, објави на својата страница на Facebook претседателот на оваа латиноамериканска држава, Луис Гилермо Солис.
„Владата на Костарика изразува длабоко жалење поради загинувањето на десет американски патници и двајцата костарикански пилота во авионската несреќа“, напиша претседателот. Додава дека властите ќе им укажат секов вид помош на семејствата на настраданите во трагедијата.
Еден од загинатите пилоти е братучед на поранешната претседателка Лаура Ченчија, за што самата таа објави на Twitter.
„Судбината ги расипува семејните прослави. Нашиот омилен братучед загина во несреќата во Гванакасте како член на екипажот“, напиша политичарката.
Малиот авион на компанијата „Nature Air“ се уран во неделата во покраината Гванакасете, на западот од Костарика, при што загинаа сите дванаесет патници и членови на екипажот. Веднаш по полетувањето леталото паднало на територијата на горски масив и се запалило.