Десет луѓе се убиени а уште десет се ранети во масовно пукање во градот Монтереј Парк во американската сојузна држава Калифорнија доцна вечерта во саботата, објави полицијата во Лос Анџелес.
„Девет луѓе умреа. Шерифот на одделот за убиства на округот Лос Анџелес ќе помогне во истрагата во Монтереј Парк. Засега немаме други информации“, се наведува во кусото полициско соопштение.
Станува збор за еден од најтешките и најсмртоносни вооружени инциденти по повеќе време во Калифорнија, пишува весникот The Los Angeles Times.
Пукањето во студио за танцување во Монтереј Парк во локалната полиција било пријавено во саботата ноќта во 22,22 часот по локално време, изјави за медиумите во неделата претпладнето шерифот на округот Ендрју Мејер.
За осомничениот напаѓач засега има само оскудни информации. Познато е само дека станува збор за маж и оти сѐ уште е во бегство. Полицијата засега не поседува со индиции за можниот мотив, како ниту опис за напаѓачот.
Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството забележала многу чаури, луѓе легнати на земјата и многумина како во паника бегаат од локацијата. Спасувачите подоцна во локалот откриле дополнителни жртви, додаде Мејер.
Спасувачите констатирале смрт на 10 жртви на самото место, а најмалку уште 10 други биле пренесени во повеќе локални болници. Нивните состојби се движат од стабилна до критична, соопштија локалните власти.
Очевидци за медиумите велат дека напаѓачот бил вооружен со полуавтоматски пиштол и имал многу муниција, затоа што дополнително го полнел оружјето. Се чини дека тој пукал неселективно, додале сведоците.
Инцидентот се случил во близина на место каде што се прославувала Кинеската лунарна нова година. Десетици илјади луѓе се собрале во саботата на почетокот од оваа дводневна манифестација вообичаено, еден од најголемите настани во регионот со кој се одбележува настапувањето на лунарната Нова година, пишува весникот.
Монтереј Парк, град со 61.000 жители во долината Сан Габриел, има мнозинско азиско-американско население. Сместено на 11 километри источно од центарот на Лос Анџелес, населението на предградието го сочинуваат 65 азиско-американско, 27 отсто латино и 6 отсто бело население, според податоците од последниот попис. Еден од главните места на предградијата во долината Сан Габриел, Монтереј Парк е центар на бројни азиско-американски супермаркети и ресторани.
Снимките поставени на социјалните мрежи покажуваат повреди луѓе кои чекаат на носилки на транспорт во болници. Билницата од 6 часот наутро по средновропско време го блокира подраќјето.