Иран во саботата воведе десетдневен карантин во поголемиот дел од земјата со цел да се заузди ширењето на четвртиот бран од пандемијата на короанвирусот, известуваат државните држави.
Од вкупно 31 покраина, „заклучени“ ќе бидат 23, изјави портпаролот на иранското министерство за здравство Алиреза Раиси. Сите продавници, училишта, театри и спортски објекти ќе бидат затворени, а забранети се и собирите во текот на рамазанскиот пост кој започнува во среда.
Бројот на случаите на заразата во Иран надмина два милиона, со новите дневен просек од 20.000 заразени наназед една седмица. Досега во Иран, земја со 83 милиони жители, од Covid-19 починале околу 64.000 лица.
„За жал, од денска го имаме четвртиот бран на пандемијата“, изјави претседателот Хасан Роухани, кој додаде дека растот на новозаразените се припишува на британскиот сој на вирусот кој во Иран се проширил од соседен Ирак.
Меѓутоа, додаде Роухани, ширењето не го помогнале нути масовните патувања, свадбите и прославите во текот на иранската Нова годни која започна на 20-ти март.
„Британскиот сој на коронавирусот сега е доминантент во земјата, а 257 градови и места се означени како црвени области“, додаде во саботата портпаролот Раиси.
Иран стана епицентер на пандемијата на Блискиот исток. Вакцинирањето оди многу бавно, а досега во земјата стаса испораката од Русија со околу два милиона дози од вакцината „Спутник V“. Повеќе од 400.000 дози пристигнале во главниот град Техеран.
Пристигнале, исто така, и 250.000 дози од кинеската вакцина „Sinopharm“ и дел од порачаката од 500.000 дози од индиската вкацина „Covaxin“. Иран сега ја очекува и испораката на 4,2 милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“.