Десетици илјади патници останаа блокирани на аеродром во Брисел

Десетици илјади патници вчеравечер останаа блокирани во Брисел, откако нивните летови беа откажани или одложени поради петчасовното затворање на воздушниот простор на Белгија.

Најмалку 500 патници спиеле на аеродромот во главниот град на Белгија, а за 200 од нив Црвениот крст обезбедил полски кревети.

Транспортните проблеми во Белгија продолжуваат и денеска по најавениот штрајк на железницата.

Околу 40 проценти од возовите не се движат поради протест на машиновозачите. Тие бараат повисоки плати, подобри услови за работа и помалку оптоварување.