Десетици ирачки борци убиени во напад со дронови на границата со Сирија

Десетици борци на шиитската милиција ал-Хашд ал-Шааби се убиени, а уште десетици се ранети во напади со беспилотни летала врз воени бази, пренесува телевизијата al Аrabiya.

Ирачките сили на народната мобилизацијата (PMU) велат дека американските сили во Ирак го извршиле нападот врз нивната база во западната провинција Анбар, потврдувајќи дека има повеќе жртви.

Според претходните извештаи, пет објекти на ирачките шиитски милици во покраината Анбар и во соседна Сирија биле нападнати со беспилотни летала, и оти се има голем број жртви.

Агенцијата Reuters цитира извори од шиитската милиција и други ирачки воени извори, дека неколку ирачки борци биле убиени во воздишен напад врз нивниот штаб во близина на западната област Каим во ирачката провинција Анбар близу границата со Сирија. Во извештајот се додава дека „нападот веројатни е изведен со беспилотни летала и оти се забележуваат возила на брзата помош во областа“.

Според ирачките медиуми, беспилотните летала која ја нападнале базата на ирачката групација на Катаиб Хезболах, којашто влегува во составот на ал-Хашад ал-Шааби, пропаѓале на силите на САД.

Малку подоцна портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, потврди дека САД ги извеле нападите врз објектите на шпиитската групација „Катаиб Хезболах“ во Сирија и во Ирак „како одговор на нападите кои им се припишуваат нив“.

„Како одговор во повторените напади на Катиб Хезболах врз ирачките бази каде се сместени коалиционите сили на оперцијата ‘Непоколеблива решителност’ (коалиција предводена од САД во Ирак и Сирија), американските сили започнаа со насолени напади врз одбранбени цели во пет ојбекти на групацијата во Ирак и Сирија, што ќе ја ослабне нејзината способност во иднина да врши наапди врз коалициските сили“, се вели во соопштението на Хофман.

Се додава дека станува збор за три објекта во Ирак и два во Сирија. Меѓу нив имало скалдишта за оружје и командни пунктови. Според Хофман, Катаиб Хезболах е одговорна за ирачката база крај Киркук. Тој тврди дека групата е поврзана со разизнавачката служба „Ал Кудс“ на иранската Револуционерна гарда.

Ден претходно медиумите објавија дека американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во ненајавена посета на Ирак. Според информациите, шефот на Стејт департментот ја посетиле американската воена база Аин ал-Асад, лоцирана во провинцајата Анбар.

Посетата на Помпео се случи ден откако беше гранатирана уште една американска воена база во соседната провинција Киркук. Централната команда на САД објави дека во базата во близина на ирачкиот град Киркук била под ракетен напад, при што бил убиен еден американски војни, а ранети уште двајца.