Десетина хотели во Солун добија закани со бомби

Преку елекронска пошта до најмалку десет хотели во Солун во понеделникот вечерта биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АNA-МPА.

Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително.

Според информациите во солунските медиуми, пораките со дојава за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели.