Десет Ирачани загинале во понеделникот во безредијата откако влијателниот шиитски клерик Моктада ал-Садр најави дека се повлекува од политиката откако не успеа неговото парламентарно мнозинство да состави влада, а неговите приврзаници упаднаа во владиниот комплекс во Багдад и судири со приврзаниците на ривалските шиитски партии.
Главно младите луѓе лојални на Моктада ал-Садр успеаја да влезат во инаку добро обезбедуваната багдатска Зелена зона, каде се наоѓаат странските дипломатски мисии и владиниот комплекс, некогашен дворец на диктаторот Садам Хусеин, и се собраа на улиците пред областа каде што се судрија со припадниците на ривалските шиитски партии и групации.
Според изјави на очевидци за Reuters, наводно припадниците на партиите на шиитското мнозинство поврзани наводно со Иран пукале врз приврзаниците на ал-Садр, а некои во воздух. Приврзаниците на двете опции меѓусебно се гаѓале со камења.
Покрај десетте жртви, неколку десетици луѓе се повредени во судирите, според полициски и болнички избори.
Набрзо откако ал-Садр на социјалните мрежи објави дека се повлекува од политиката критикувајќи го шиитските политички водачи, бидејќи не ги послушаа неговите повици да спроведат реформи, неговите симпатизери се упатиле кон добро обезбедуваната багдадска Зелена зона во која се наоѓаат владините згради и странските дипломатски мисии. Демонстрантите прво ги отстраниле бетонски препреки за што во поголем број да можат да влезат во Зелената зона, и покрај силната присутност на безбедносните сили. Некои од нив носеле фотографии на ал-Садр, а други скандирале „Народот сака да го собори режимот“.
Ирачката војска на подрачјето на целиот Багдад прогласи полициски час кој стапи на сила во 15,30 часот по локално време, но тоа не ги одвратиле приврзаниците на ал-Садр да протестираат.
Ирачката војска на подрачјето на целиот Багдад прогласи полициски час кој стапи на сила во 15,30 часот по локално време, но тоа не ги одвратиле приврзаниците на ал-Садр да протестираат.
Ал-Садр во јуни годинава ги повлече своите пратеници од парламентот, откако не успеа да ја формира владата како што посакуваше со своето победничко но недоволно мнозинство.
Во јуни годинава ал-Садр ги повлече своите пратеници од парламентот, откако не успеа да формира влада по сопствен избор. Политичкиот ќорсокак меѓу него и шиитските политички ривали, кои ја јмаат поддршката на Иран, доведе до најдолгиот период без влада во Ирак.
Приврзаниците на ал-Садр од крајот на јули го окупираат парламентот и протестираат близу и во добро обезбедуваната ткн „зелена зона“ во ирачката престолнина Багдад, каде што се сместени странските дипломатски мисии и владините згради, и така ги блокираа процесот на избор на нов претседател и премиер.
Се стравува дека објавата на ал-Садр ќе ги поттикне неговите приврзаници на ескалација на протестите, со што може да започне нова етапа на нестабилност во Ирак.
Партијата на влијателниот шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр освои најголем број мандати на ирачките парламентарни избори есента минатата 2021 година, додека партијата на поранешниот ирачки премиер Нури ал-Малики ќе биде втора по големина шиитска партија.
Партиите на мнозинската во Ирак шиитска заедница доминираат во ирачките влади од американската инвазија во 2003 година, кога со американската инвазија беше соборен диктаторот сунитот Садам Хусеин, во чии влади имаше повеќе сунити.
По изборите со рекордно ниска излезност ал-Садр освои повеќе од 70 мандати, со што има значително влијание во формирањето на влада. Неговата коалиција на минатите избори имаше 54 пратенички места. Ал-Садр, кој има тесна соработка со шиитските религиозни челници во соседен Иран, е против странското мешање во Ирак.