Десетте земји кои ќе бидат водечка економија во светот во 2030 година

 

Судејќи според БДП, економската слика на светот во 2030 година ќе биде малку поинаква. Светскиот економски форум објави податоци според кои најголема светска економија во 2030 година ќе биде Кина.

Со проектираниот БДП од 38 билиони американски долари од проектираниот БДП, Кина ќе биде водечка економска сила во 2030 година. Веднаш зад неа е Америка со 23,5 билиони долари од БДП, додека на трето место, можеби неочекувано, е Индија со 19,5 билиони долари.

На високото четврто место е Јапонија со проектираните 5,6 билиони долари, по што следува Индонезија со 5,4 билиони долари. Русија е на шестата позиција со очекуваните 4,7 милијарди долари, а на седмата е Германија, една од најсилните економии денес.

https://twitter.com/PrecisionHomes_/status/1023830047323512832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1023830047323512832&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fekonomija%2F%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bc%25d1%2598%25d0%25b8-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25b8-%25d1%259c%25d0%25b5-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b0%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2587%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%2F

Осмото место, според истражувањето, ќе му припадне на Бразил, деветтото на Мексико, додека Велика Британија ќе ја заземе десеттата позиција со 3,6 билиони од планираниот БДП.