Дешамп веќе покажа бело знаме

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Франција, Дидиер Дешамп ги разочара најверните фанови на “Галските петли” со изјавата дека неговиот тим не може да го освои победничкиот пехар на престојниот Мундијал во Бразил.

Франција ќе се натпреварува во група “Е” заедно со репрезентациите на Швајцарија, Хондурас и Еквадор.

„Има шест или седум репрезентации кои се во игра за светската титула, а меѓу нив не е репрезентацијата на Франција. За нас, најважно е да славиме во првиот натпревар од групната фаза, да ја победиме репрезентацијата на Хондурас на 15 јуни. Франција повеќе не е дел од светската елита, не сме дел од елитата во Европа. Јас сум реален и стојам чврсто на земја. Се надевам дека моите фудбалери ќе играат како што го одиграа вториот бараж натпревар против репрезентацијата на Украина”, изјави Дешамп.