Детали за инцидентот на ловџијата кој беше застрелан во прилепско

На 17-ти јануари 2021 во 11:06 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во атар на прилепското село Витолиште, 25-годишниот Ѓ.К. од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка истрелан од лице од ловната група.

Околу 14.55 часот од екипа на Итна медицинска помош било констатирано дека Ѓ.К. им подлегнал на повредите.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Во врска со настанот од слобода е лишен 50-годишниот С.П. од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.