На 06.08.2022 во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.
Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.
Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.