Дванаесет годишниот син на скопскиот бизнисмен од Чаир за кого вчера се веруваше дека е киднапиран, всушност земал тајно од дома 120 евра и затоа ја смислил приказната за киднапирањето.
Вчера во скопски Чаир, полицијата организираше вистинска потера по повикот дека 12 годишно момче е киднапирано од страна на двајца разбојници од неговиот дом. По наоѓањето на момчето, тоа на психологот во Министерството за внатрешни работи му рекло дека од дома тајно земал 120 евра и за да се спаси од неволја ја измислил приказната дека бил киднапиран. За сето тоа време додека полицијата го барала, момчето било кај неговиот вујко.