![mvr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/mvr.jpg?resize=510%2C320&ssl=1)
Електронската порака која ги вознемири професорите и ја дигна тетовската полиција на нозе за лажна бомба ја испратил малолетник.
Портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифоски, за Нетпрес истакна дека имаат осомничен за вчерашната лажна дојава за бомба во основното учииште „Браќа Мигени“.
„Вчера службеници од СВР Тетово во соработка со Единицата за компјутерски криминал при МВР за само неколку часа го идентификуваа испраќачот за заканувачката електронска порака која беше испратена до неколку наставници од училиштето ’Браќа Мигени’“, изјави портпаролот Јосифоски.
Тој нагласи дека се работи за 14 ипол годишен малолетник, поранешен ученик во училиштето.
Со судски налог во неговиот дом бил извршен претрес во неговиот дом, при што е одземан неговиот компјутер од кој што се претпоставува дека малолетникот ја напишал и испратил елетронска порака во која наведува дека има бомба која ќе експлодира ако не му бидат исплатени 100.000 денари.
Јосифоски додаде дека се работи на отркивање на мотивите и намерите на заканата од малолетникот, но според него, се работи за детска банална фустрација.