Девалвирано високото образование во МакедонијаПред една седмица на владина седница е формирано тело во надлежност на Министерството за образование и наука (МОН), кое ќе направи анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултети во нивниот состав. Премиерот Христијан Мицкоски изјави: „…се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите ми кажаа од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добијат. Тоа мора да се смени“.
Оваа изјава на премиерот Христијан Мицкоски, ми даде повод да ја напишам оваа колумна, односно моите пишувања, какви ни се состојбите во високото образование и наука во Република Македонија, што сум ги пишувал, кои се преточени поконкретно во моите книги под наслов: „Состојби и потреби за квалитет на високото образование во Република Македонија“ (2015), и под ист наслов втор дел (2018), како и во многу мои колумни пишувани во порталот НетПрес.
Ќе се обидам да издвојам некои сегменти од моето пишување за состојбите во високото образование и наука, што сум укажувал и укажувам дека: Образованието е ресурс која создава ресурси и има транфер во сите сфери на живеењето и дејствувањето, унапредувањето и осовременувањето. Од тие причини образованието заслужува внимание да биде предмет на проучување, истражување и валоризирање во сите степени и сегменти кој ќе дојдат релевантни податоци дека постојано се менува, постојано е пред нови предизвици кои бараат да се следат и имаат предвид во неговото реформирање, иновирање и трансформирање.
Во тој поглед треба да напоменам дека на подрачјето на Република Македонија, не постои научна институција која го третира проучува и истражува образованието…. Има отсуство на конзистентна и научно заснована визија, односно стратегија за развој на високото образование и науката, проследена со програма за среднорочен развој на високото образование и на научноистражувачката дејност, како и со акциони планови за нивно остварување…
Евидентен е процесот на намалување на научно – истражувачките капацитети, изразени преку стагнација во обновувањето на наставно-научен кадар, замирање на институтската работа, гаснење на истражувачките јадра во стопанството и непостоење на соодветна научна инфраструктура…
Примената на Болоњскиот процес не ги дава очекуваните ефекти, поради запоставувањето на некои од неговите суштински компоненти, кои особено се однесуваат на подобрување на квалитетот на високообразовната и научно-истражувачката дејност на универзитетите и отсуство на суштинските промени во системот на нивното финансирање, организирање и управување…
Високото образование и неговата примена главно се сведени на проширување на опфатот на студенти, преку разграничување и хипертрофија на универзитетска мрежа – 24 универзитети со над 130 факултети и над 600 студиски програми и формирање бројни дисперзирани центри, без доброподготвена аналитичко-предвидувачка основа и расправи, посебно од аспект на критериумите и стандардите на квалитетот и на потребите на пазарот на трудот. Со овие квантитативни ефекти, изостанува настојувањето за подигање на квалитетот на студиите на високото образование….
Наспроти законската обврска за редовна реакредитација на високообразовните институции (најмалку на пет години), не се врши никаква системска контрола над законитоста на работењето на универзитетите (као приватни исто така и јавни универзитети и нивните единици) некои од нив го уриваат квалитетот и ги компромитираат критериумите за квалитет, како во образовната така и во научната дејност…
Одредени универзитети добиле акредитација, а не ја исполнуваат основната норма за изведување на високообразовна дејност. Некои универзитети имаат само по неколку редовно вработени професори, а имаат пет или повеќе факултети и многу студиски програми, за кои им се дадени акредитации, а некои добиени акредитирани студиски програми дури се во мирување, некои немаат просторни услови, немаат лаборатории, немаат можност за изведување на настава и вежби имаат само запишани студенти…
За сето ова горенаведено се запознати сите досегашни министри за образование и наука, како и актуелната министерка за образование и наука, Одборот за акредитација и евалуација, но ништо не се презема. Само од проста причина што длабоко во образованието е влезена политиката… Високото образование во Македонија е девалвирано.
Примери
Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“-Охрид (УИНТ) има 5 (пет) факултети и согласно член 61 став 4 од Законот за високо образование (ЗВО) секој факултет треба да има по 10 редовно вработени наставници-професори, односно за сите 5 (пет) факултети, треба да има 50 наставници.
На Универзитетот во Охрид има само 18 вработени наставници со наставно-научни звања, 1 (еден) асистент и 1 (еден) лектор за сите 5 (пет) факултети. Ова е спротивно на ЗВО и подзаконските акти! На универзитетот 12 години се менуваат едни исти луѓе за ректори и и тоа Нинослав Марина и Иван Бимбилоски, незаконски. Незаконски и нестатутарно се објавува Јавен оглас за ректор на Универзитетот, спротивно на ЗВО и Статутот на УИНТ-Охрид, како и други незаконитости, за што сум поднесол кривични пријави до ОЈО-Скопје-Охрид, за нивно разрешување. За случаите на УИНТ-Охрид, запознати се и поранешни министри, како и актуелната министерка за образование и наука, Весна Јаневска. Зошто не е реагирано, зошто и сега не се реагира? Зошто не е извршена и зошто не се врши ревизија од МОН, како што ми е ветено? Зошто не се активирал Одборот за акредитација или формално поставениот Одбор за евалуација, кој е партиски составен од СДСМ и ДУИ! Зошто, ги прашувам поранешните министри, како и актуелната министерка? Зошто нема одговорност! Несмее да се работи како до сега!
Втор пример: Иста или слична е состојбата и на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Има факултети со несоодветен наставен кадар, политички поставен, не е направена никаква ревизија, ниту од Одборот за акредитација ниту од Одборот за евалуација. Трулеж. Ајде министерке Весна Јаневска, ангажирај ја Агенцијата за квалитет на високото образование. Зошто, никој несмее да влезе на овој универзитет? Затоа што е универзитет на политичката партија ДУИ, или сега на некоја друга партија? За ова имам и доказ. Овој Универзитет е политички, кој ќе поднесе барање за законски пропусти ќе биде опоменат од министерот. Тоа го доживеав од министерката Дескоска… и други. Да не се чепка тоа е висока политика. Добро е што не сум завршил на Голи Оток или Идризово, но добив Дисциплинска. Но, како поминав ПОБЕДИВ! Имав подршка од седмата сила, и амбасадорите во Македонија, како и од други прогресивни луѓе. Затоа, на страна политиката во образованието – на страна!
Трет пример: Иста е состојбата и на Универзитетот Тетово во Тетово… Доволен показател се реакциите од страна на вработени професори на Универзитетот во Тетово (УТ), кои во писмена форма ме известуваат по однос на состојбите на овој универзитет. Тие го поставуваат прашањето: „Во чија полза е ова летаргија на нашиот народен универзитет“? Немањето реализација на развојна стратегија на Универзитетот. А, тоа е од активностите на менаџментот (ректор, проректори, декани…) кои се занимаваат сами со себе и нивните семејни и клановски опкружувања…
Види повеќе: Загриженост на професори од состојбите на Универзитетот во Тетово (12 јануари 2022)
Четврти пример: Реакции од вработени наставници на Технолошко-техничкиот факултет – Велес (ТТФ), при Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола (УКЛО), за незаконски избори во наставно-научни звања, односно кандидатите за избор во звање и засновање на работен однос, незаконито се избираат во повеќе области, спротивно на член 172 став 4 од ЗВО, каде што цитирам: „Конкурсот за избор во звање и засновање на работен однос треба да ја содржи соодвентата наставно-научна област, за која се избира лицето, утврдена со класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области (Меѓународната фраскатиева класификација)… Како и избраната рецензиона комисија е избрана спротивно на член 173 став 6 од ЗВО, каде што цитирам: „Повеќето од половината членови на рецензионата комисија ја сочинуваат лица избрани во наставно-научни, наставно, наставно-стручни…во иста наставно-научна област во која се избира кандидатот…“. Прашуваат зошто на повеќе факултети на УКЛО-Битола се избираат незаконито во повеќе наставно-научни области, спротивно на ЗВО? И со право бараат Технолошко-техничкиот факултет-Велес да се спои со Факултетот за биотехнички науки-Битола, при УКЛО-Битола. Иста е состојбата на овој Универзитет со формираниот Ветеринарен факултет во Битола, кој нема соодветен наставен кадар согласно ЗВО. И овој факултет треба да се спои со Факултетот за биотехнички науки на Универзитетот или со Ветеринарниот факултет при УКИМ-Скопје. За сето ова запознат е ректорот и сенатот на УКЛО-Битола. Неминовна е потребата за спојување на овие факултети, со сродни факултети на Универзитетот, а се во духот на квалитетно високо образование и потреба на студентите. Вакви состојби ги има и на други државни универзитети во Македонија.
За сите овие состојби запознато е МОН, соодветните ресори за високо образование, како и Агенцијата за квалитет на високото образование и нивните поранешни претседатели на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование. Од таму само молк! Нема никаква ревизија. Политиката е длабоко навлезена во образованието!
Петти пример: Добиен допис на мејл со запознавање што се случувало на јавните високообразовни институции во Македонија, која била општа појава, па следува: „Ви пишувам писмо, до Вас, големиот интерес и до целокупната јавност за настан кој е поврзан со студирањето на спец. д-р Башким Шабани од Клиниката за урологија во Скопје. Станува збор за личност која има дипломирано на Медицинскии факултет и е доктор по медицина, специјалист на Клиниката за урологија и доктор на медицински науки. Значи, станува збор за личност која успешно ги завршила сите степени на студирање, од факултет, специјализација и докторат. Но, еве д-р Шабани Башким нема просек од додипломски студии на Медицински факултет и тоа му е веројатно проблем за да биде избран за доцент и да стане професор!
За да ја анулира таа спреченост, д-р Башким Шабани повторно се запишува на Медицински факултет во Штип и сега таму студира на начин на кој испитите со високите оценки му се признаени и си дополага само таму кај што има слаби оценки и го подобрува просекот. Но, токму тој упис е незаконски, бидејќи никаде не постои правна норма која дозволува дипломиран доктор на медицина пак да дипломира и пак да добие диплома за доктор на медицина. Тоа е срамно и недозволиво.
Како е можно на еден државен универзитет во Македонија да се дозволи таков скандал??? Која е таа правна служба или декан кој го одобрил тоа??? Колку чини една ваква екскурзија???
Верувам дека не сте слушнале за ваков случај! …Има информации дека на државните универзитети врие од нерегуларности… За настанатиот случај ми потврдија од правната служба на универзитетот во Штип. Министерке Јаневска, добро е овој скандал да го испитате, прво на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на универзитетот во Штип. Ова е недозволиво.
Шестиот пример: Формираните приватни универзитети во Република Македонија, тие треба да се преиспитаат целосно. А, со тоа, треба да се преиспита и работата на Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО), и нивните Одбори како што се за акредитација и евалуација на високото образование. Кои се партиски поставени од Владата на ДУИ и СДСМ! Што сработиле, што добиле за да се акредитираат и дали извршиле евалуација? НЕ! За ова под итно (без чекање) МОН и Владата да добијат целосен извештај. За нивните не-активности да си сносат-одговорност! Веднаш промени, со нови луѓе, компетентни, професионални, а не партиски и задоволување на партиските интереси. Не, како до сега, почитувана министерке Јаневска. Говорите дека имале мандат! Да, имаат. И поставени се од Владата на ДУИ и СДСМ! Да, имате и Вие мандат, поставени сте од Владата, но ако не работите, нема промени, реформи, трансформации во образованието, ќе го изгубите мандатот! Доста е како до сега! Народот бара и со право образованието да застане на здрави нозе и да се води образовна политика, а не политика во образованието. Не случајно премиерот Мицкоски, бара формирање на тело во надлежност на Министерството за образование и наука (МОН), кое ќе направи анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултети во нивниот состав. Целосни анализи на сите јавни и приватни универзитети и факултети, а не селективни и по нарачка.
Конкретниот пример доволно говори за несериозност и додворување
Новиот претседател на Одборот за акредитација Маријан Ѓуровски, назначен од СДСМ, на седница одржана на ден 17.06.2024 година, поднесува писмен – предлог до Националниот совет за високо образование и Одборот за евалуација на високото образование, предмет: „Иницијатива/барање за покренување на вонредна евалуација и постапка за одземање на правото за вршење на високообразовна дејност на високообразовни установи… повикувајќи се на член 84 од Законот за високо образование (Сл.весник м.з. не го пишува го изостава Република Македонија (да не му замерат неговите од СДСМ) бр.82 од 8 мај 2018г). Во барањето се наведува дека Одборот за акредитација на високото образование (ОАВО) може да покрене постапка за одземање на правото за вршење на високообразовна дејност на високообразовната институција. Во насока на исполнување на оваа законска функција, а поаѓајќи од утврдената состојба ( м.з. селективна, тие се акредитираат уште од 2018г. и порано) при разгледувањето на Елаборатите за акредитација на студиските програми ОАВО констатираше суштинско неисполнување на барањата утврдени со ЗВО и подзаконските акти донесени од Националниот совет на високото образование(НСВО), заради што Одборот за акредитација (ОА) на својата седница, одржана на ден 17.06.2024 година, одлучи да иницира постапка за вонредна евалуација (м.з. смешно, до сега кои постојат од 2018/19 г. до денес август 2024 година, не извршиле никаква евалуација на високообразовните установи во Македонија) и постапката за одземање на правото за вршење на високообразовна дејност на следните високообразовни установи:
- Меѓународниот универзитет Струга во Струга
- Единици на Универзитетот Скопје-Скопје
- Високата стручна школа Факултет за бизнис економија-Скопје
- Приватниот научен институт за бизнис економија- Скопје и
- МИТ-универзитетот Скопје
Однапред наведената иницијатива/барање потпишана од претседателот на ОА, Марјан Ѓуровски, се гледа додворување кон новата Влада, дека нешто работи овој Одбор за акредитација и смешно од „зимскиот сон“ го буди и Одборот за евалуација (кои постојат согласно ЗВО донесен 2018 година, со закаснување од 6 години, да направи вонредна евалуација-вреднување.) Ова е срам! Сите од Одборот за акредитација и Одборот за евалуација треба да бидат сменети. Еве зошто. Им го поставувам прашањето: Дали другите универзитети ги исполнуваат условите утврдени во член 61 став1 алинеја 4 и членот 62 став1 на овој закон за вршење на високообразовна дејност?
Еве ги следните, и тоа:
Девалвирано високото образование во Македонија
Па да почниме по ред:
Одбор за акредитација на кои им престанува мандатот и кои се нови членови
Од Одбор за акредитација, каде им престанува мандатот на членови – професори се: Татјана Стојановска-Иванова (досегашен претседател на Одборот за акредитација, и веднаш се назначува во Одборот за евалуација) и тоа на седница на Владата, а објавен во Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2440/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани (старо-нови) членови на Одборот за акредитација (ОА) на високото образование, професорите: Виолета Цветкоска, Ана Данева Маркова-член на СДСМ, Вангелче Митровски, Јетмире Јакупи-ДУИ (од Одборот за евалуација, сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Билјана Цигловска Бојческа од универзитетот Струга, на Мерко Струга „голем експерт на ДУИ и СДСМ“ и Марјан Ѓуровски-член на СДСМ, кој воедно е и близок човек на Пенадаровски „експерт“ ќе изјави дека: „не тврди за вмешаноста на владиците во шпионски активности, туку го цитира тоа што го кажале претседателот на државата Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање и членови на македонската Влада кои, како што ќе рече „изнесоа информации дека членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“. Овој „експерт“ кажа и остана жив.
Почитувани читатели, за ваше запознавање, еве што сум напишал
Овој „експерт“ професор Марјан Ѓуровски има неограничени желби да биде на функција. Од екс проректор на УКЛО-Битола, па специјален Конкурс за негово трансформирање на Филозофскиот факултет во Скопје, член на Комисија за одликување на претседателот Пендаровски и сега член на Одборот за акредитација на високото образование. Едноставно овој професор толку прошета низ кадровскиот филтер на СДСМ и буквално каде сака, таму се етаблира. Останува уште да биде поставен за директор на Агенцијата за разузнавање! Верувам дека нема да може да одолее на таа функција! Но, токму таа практика на СДСМ да концентрираат повеќе функции во едно лице ќе ги однесе во политички амбис и народот ќе ги казни на изборите. Врие во академската фела за овој систем едно лице да нема усул и да биде поставен секаде и секогаш. Очекувам Марјан Ѓуровски да ги надмине и Марина Митревска која се прошета од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација, па сега Татјана Стојановска Иванова од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација на високото образование! Е тоа, тоа ќе го уништи СДСМ на овие избори и ќе ги изгуби катастрофално! Нема кој да гласа за нив од академската заедница затоа што со овие кадровски политики СДСМ ги изреволтира и го подигна нивниот гнев на највисоко ниво! Оттука, се поставува прашање: Дали Агенцијата за квалитет на високото образование е туристичка агенција во која поединци се шетаат од еден во друг Одбор или е највисока образовна агенција? Во секој случај овие политики на СДСМ се во функција на нивно исчезнување од политичката сцена!.
Одбор за евалуација на кои им престанува мандатот и кои се нови членови
Од Одбор за евалуација (ОЕ) за високо образование им престанува мандатот на членовите, професорите: Цвете Димитриевска, Марина Митревска-СДСМ ( именуваната во повеќе наврати беше член на Одборот за акредитација, па по интервенција на челниците на СДСМ, поконкретно на Оливер Спасовски е именувана за претседател на Одборот за евалуација), Јасмина Делчева Диздаревиќ-СДСМ, Јетмира Јакупи-ДУИ (сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Метуш Сулејмани и Иван Радевски.
Во објавениот Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2442/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани членовите на Одборот за евалуација (ОЕ) на високото образование членовите- професори: Боро Џонов, Татјана Стојановска Иванова- активен член на СДСМ (кој и престанува мандатот како претседател на Одборот за акредитација и сега е именувана како нов член во Одборот за евалуација, „невиден партиски експерт“), Ирина Јолдеска активен член на СДСМ (ФТУ-Охрид), Христина Спасевска -ФЕИТ-Скопје, Беким Фетаји-ЈИЕ-Тетово, Ибиш Кадриу -УТ-Тетово.
Корупција во одборот за акредитација
Неколку години сведоци сме на леснотијата со која Одборот за акредитација на високото образование во претходниот состав донесува решенија за акредитација на студиски програми. Дали се работи за непознавање на материјата не верувам. Единствено што ме прави да се сомневам тоа е влезот на корупцијата во ова тело одамна, но сега се унапредува и усовршува. Затоа ја прашувам поранешната советничка за образование на поранешниот премиер Зоран Заев, и до „вчера“ претседател на Одборот за акредитација на високото образование ( сега член на Одборот за евалуација), што прави, зошто дозволува на секоја “тобако” продавница да и се издаде решение за спроведување на одредена студиска програма?
Со СДСМ и ДУИ на власт, образованието воопшто падна на најниски гранки и секоја таква продавница може да продава дипломи според желбата на купувачот. Многу сум разочаран кога тоа го остваруваат професори, доктори на науки и притоа оставаат траги за својата работа со која после промената на власта оваа година (по 8-ми мај) секако дека ќе завршат зад решетки. Криминал каков што нема ни во Зимбабве. Министерке Јаневска овие се докази! Со ваква Агенција за квалитет на високото образование и со двата Одбора за акредитација и Одбор за евалуација, во телото кое ќе се формира во надлежност на Министерството за образование и наука (МОН), се сомневам дека ќе направи анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултети во нивниот состав. Промени се потребни веднаш!
Неможе повеќе како до сега да се работи!
За состојбите во високото образование од моја страна е доставена и Претсавка до претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, заведена во архивата на Кабинетот на претседателот Пендаровски под бр.38/1 од 26.04.2021 година.
Претставката се однесуваше за неприменувањето на владеењето на правото во областа на високото образование во нашата држава. Ова од причина што институции надлежни за високото образование во Македонија, не функционираа и не преземаа никакви мерки и покрај укажувањата и пишувањата за девалвирањето на високото образование во Македонија. Од поднесената претставка до претседателот Пендаровски (иако ми беше ветено) одговор не добив од институцијата Претседател на државата!
(Види повеќе: Претседателe Пендаровски каде си?)
За надминување на проблемите на девалвираното високо образование во Македонија, во некоја наредна колумна на порталот НетПрес.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес