Девет пожари на отворено во изминатите 24 часа, планирано прскање против комарци во Скопско

Во последното деноноќие имало се регистрирани девет пожари на отворено, при што гореле ѓубришта, депонии, запалени кабли и гуми, стрништа, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите во Скопје интервенирале за гасење на запалена депонија на површина од 200 m2 во село Батинци, запалена сува трева во Бардовци.

Во Битола биле запалени стрниште и ниска авегетација во близина на бензиската пумпа ,,Пелагонија петрол“, а во Струмица биле запалени лисја и јавор и депонија кај с. Банско.

ПОжарникарите инревенирала и на запалена дива депонија во близина на кавадаречкото село Раец, за гасење на запалени кабли и гуми во близина на фабрика за вода во ромско маало во Кочани, на запалено ѓубре во охриски Теферич и на запалено стрниште и нискостеблеста вегетација кај асфалтната база во реон на с.Романовце.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека на 27 и 28 септември во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци.

Од 30.09. до 03.10.2024 година, пак, ќе биде спроведена дезинсекцијата со прскање од земја.

Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе биде извршена првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин. Заради планираното прскање против комарци се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.