Деветмина поранешни припадници на Исламска држава се враќаат во БиХ

Деветмина поранешни членови на т.н. Исламска држава кои се бореле за оваа терористичка организација, наредните денови ќе бидат депортирани од Сирија во БиХ.

Ова за „Аваз“ го потврдиле претставници на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА).

За нивното пристигнување во БиХ известени се и други полициски агенции и обвинителство на БиХ.

За шестмина од нив е распишана црвена потерница на Интерпол.