Модерното време со себе носи и нови форми на семејство, а меѓу нив е и голем број жени, кои останувааат бремени и покрај тоа што се девици.
Благодарение на ИВФ третманот за вештачко оплодување, чија цена изнесува пет илјади фунти, на жените техничи мажи повеќе не им се потребни. Британските медиуми јавуваат дека 25 хетеросексуални жени родиле деца, а ниту една од нив претходно немала сексуален однос со маж.
Маха Рагунат, лекарка на клиниката за вештачко оплодување во Нотингем, изјави дека им помогнала на девици да добијат деца.
„ Кога ги прашувам зошто се одлучиле за овој третман, најчесто ми одговараат дека се подготвени да имаат деца, но дека немаат партнер, со кој би направиле дете. Мал процент од нив никогаш немале сексуални односи“, вели Маха.
Од друга страна Џозефин Квинтвејл од Етичкиот репродуктивен центар не се согласува со овој тренд.
„Зошто на тие жени им се потребни деца. Да си играат со нив како мечиња и потоа да ги остават на полицата. Пораката на природата е мажот и жената да имаат деца. Идеално би било детето да има мајка и татко кои се во брачна заедница. Фактите докажуваат дека тоа е најдобро за детето“, рече Џозефин.