Девојче избега од Меѓуопштински центар за социјални работи

На 27.09.2022 во 13:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, вработена во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје пријавила дека од домот се оддалечила М.С.С.(14) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.