Тринаесетгодишна Австралијка која страдала од напади била отпуштена од болница, а откако се вратила дома починала по една седмица. Како причина за трагедијата лекарите навеле прекумерно користење на таблет и недостиг од сон, пишува весникот Mirror.
Како што пишува весникот, девојчето последните три години страдало до ткн „мини напади“ при што имало превртување на очите и неконтролирано тресење на главата. Нејзината мајка повеќепати се обраќала за помош на специјалисти, но тие сметале дека тоа е предизвикано од сувост во очите.
Во март годинава девојчето доживеало тежок напад во сон и било примено во болница во Мелбурн, каде што лекарите оцениле дека станува збор за еднократен инцидент. Тие утврдиле дека оваа состојба е предизвикана од фактот што малата пациентка често го користела својот таблет и многу малку спиела.
Девојчето било отпуштено од болницата по два часа, без никакво истражување. Една недела подоцна, мајката ја пронашла ќерката мртва, но поради недостиг од анализи не можело да се утврди причината за смртта. Лекарите, исто така, не утврдиле дали девојчето патело и од епилепсија која е неретка пропратна појава во овие случаи.
Сега нејзината мајка започна кампања за промена на лекувањето на нападите во Австралија. Таа сака законски да се осигури лекарите да извршуваат целосно скенирање на пациентите, без оглед дали има дијагноза за епилепсија или не.