Девојчето Данка, со автомобил го прегазиле комунални работници и го фрлиле телото

Двегодишното девојче Данка Илиќ, по кое се трагаше десет дена, со автомобил го прегазиле вработени во комуналното претпријатие „Водовод Бор“, а потоа и го фрлиле телото во ѓубре, јавуваат медиумите во Србија.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека девојчето е убиено.

„Имаме лоши вести… Убиена е Данка Илиќ. Полицијата уапси две лица кои го извршија убиството и колку што разбрав и двајцата го признаа делото“, изјави Вучиќ на вонредната седница на Владата на Србија.

Данка Илиќ исчезна на 26-ти март во Бањско поле кај Бор, а по неа беше започната опсежна потрага, која дури се прошири и надвор од границите на Србија.

Во полициската станица Бор во четвртокот пристигнале родителите на убиеното девојче,пишува Б92.

Според АТВ, полицијата ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

С.Ј. со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил, а потоа нејзиното тело со колега го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањски пут.