
Дежурниот старешина во скопската касарна Илинден синоќа во 22.40 часот пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на улицата Македонско- косовска бригада, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување.
Војникот непосредно потоа слушнал како лицата неколкупати истрелале.
Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.