
Клупскиот доктор на англискиот премиерлигаш Ливерпул потврди дека последната повреда на капитенот, Стивен Џерард е од посериозна природа и истата бара мирување во следните четири недели.
Искусниот играч за врска се повреди на последниот првенствен натпревар против екипата на Вест Хем, а по натпреварот лекраскиот тим на „црвените” потврди дека Џерард го повредил бунтиот мускул.
Капитенот на Ливерпул сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против екипите на Тотенхем, Чезли, Манчестер Сити, Кардиф и Хал.