Диаби се врати во Франција и потпиша со Олимпик Марсеј

Диаби ја заврши својата авантура во Арсенал, следен предизвик ќе му биде Олимпик Марсеј

Фудбалерот кој беше отпуштен од Арсенал реши да се врати во својата татковина, иако веќе имаше преддоговор со Вест Бромвич Албион, каде ги мина и медицинските прегледи.

Сепак, Диаби одлучи дека најдобро за неговата кариера ќе биде да се врати во родната Франција, каде најбрзо ќе може да се врати во старата форма.

Детали околу договорот не се објавени, но некои француски медиуми шпекулираат дека Диаби ќе биде плаќан по натпревар, односно неговата плата ќе зависи најмногу од неговите настапи.