Фудбалерите на Челси го поразија Реал Сосиедад со 2:0 во последниот тест пред почетокот на Премиер лигата.
Ѕвезда на мечот беше новото засилување Диего Коста, кој во најдобро светсло се покажа пред навивачите на „Стемфорд Бриџ“.
На Коста му беа потребни само 57 секунди да ја затресе мрежата на Баскијците. Не се чекаше долго ниту за вториот погодок, затоа што шест минути подоцна одличниот напаѓач го постави конечниот резултат.
Новата сезона во Премиер лигата, Челси ја започнува со гостување на екипата на Барнли.