Повторно е она време од годината кога верските пости потсетуваат на вредноста на скромноста, но и на потребата да се храниме поздраво, а при тоа одбројуваме часови или денови до големото финале – богатата празнична трпеза. Последиците лакомо да се нафрлиме на омилената храна по завршување на постот, се познати. Телото доживува силен шок затоа што во изминатиот месец се привикнал на мали оброци, на посна храна или на големи паузи меѓу оброците, па понекогаш потребна е и помош од доктор.
Како да му помогнеме на стомакот полесно и побрзо да ја свари храната?
Варењето на храната почнува со првиот залак, но има намирници кои го забавуваат овој процес. Слично како и брзото јадење, прејадувањето, или оброците доцна навечер, подуеност, тежина и гасови предизвикува и лошата комбинација на храна за време на оброкот. Разложувањето на храната во желудникот е побавна кога оброкот се состои од сложени шеќери, со високо учество на масти и протеини. На пример, ако се изеде овошје после парче месо ќе се појави непријатното чувство во стомакот затоа што на желудникот му треба повеќе време да го свари месото, а овошјето за тоа време почнува да ферментира и скапува. Затоа и се препорачува овошје да се јаде меѓу оброците.
Уживајте во празниците и кога вечерате доцна пред спиење, имајте на ум дека во стомакот најбрзо се вари овошјето и зеленчукот – 30 до 40 минути. За месото, пак, се потребни повеќе часови во зависност од неговото потекло, односно за говедското месо на желудникот потребни му се 3 часа, за јагнешкото – 4 часа, а за свинското – 5 часа.
Важно е секој залак добро да се џвака, затоа што така желудникот ќе потроши помалку време да ја разгради храната. Сепак, потешката храна, останува во дигестивниот систем со денови, а научно е докажано дека овие намирници подолго време се задржуваат во стомакот на жената отколку кај мажот. На брзината на варење на храната додека да се исфрли од телото влијае и староста, односно со годините процесот забавува и кај мажите и кај жените.
Решението за побрзо и полесно варење на оброкот се дигестивните ензими. Додатокот на исхрана Дигестал на Галеника е комбинација од повеќе панкреасни ензими и екстракт од говедска жолчка
Зошто се препорачуваат дигестивни ензими?
Дигестивните ензими се клучот на доброто варење, кое може да придонесе и за намалување на наслагите на стомакот. Тоа се моќни состојки кои помагаат на телото да ги апсорбира неопходните хранливи состојки од внесената храна и поефикасно да го исфрли отпадот. При тоа, создаваат оптимални услови за подобар метаболизам.
Телото се разбира само произведува ензими. Процесот започнува со нивно производство во плунката, а потоа ги произведуваат панкреасот и тенкото црево. Но модерниот начин на живот со храна богата со конзерванси и адитиви, како и лошите навики за исхрана – недоволно џвакање на залакот, брзо и лакомо јадење, консумирање на пржена или мрсна храна, јадење доцна навечер или несоодветно мешање на храната, како и стресот и кај здравите луѓе доведува до потреба од дополнителен внес на дигестивни ензими. Едноставно телото не може да го следи брзиот ритам на живеење, а микронутриентите кои се ослободуваат кога ензимите ја разградуваат храната, му се неопходни да го задржи здравјето.
Дигестал е достапен во сите наши аптеки и се издава без рецепт, како додаток во исхраната. Намена на производот е да ги намали тегобите предизвикани од внесот на мрсна храна, кога има намалена секреција на дигестивни ензими.
Вообичаено суплементите со дигестивни ензими се препорачува да се земаат непосредно пред оброкот со што ќе обезбеди поефикасно варење на храната, односно побрзо и полесно разградување на шеќерите, скробот, мастите и протеините во хранливи состојки што телото може лесно да ги ползува.
Производителот Галеника со свои производи е присутен на македонскиот пазар веќе 78 години. Традиционално присутен и во домашните аптеки на корисниците, Галеника е синоним за висококвалитетни производи кои се унапредуваат и развиваат да одговорат на потребите на модерниот потрошувач.