Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во јануари, изјавил премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, пренесе српската агенција „Бета“.
Според Дачиќ се’ уште не е одреден датумот за следниот круг на преговори, но не е исклучена можноста со косовскиот премиер Хашим Тачи, да се состанат на 17 јануари.
На следната средба двајцата ќе разговараат за формирање на Здружението на српските општини.