Државната изборна комисија на вечерашната седница ги утврди и четирите листи за кандидати за пратеници на СДСМ и листите на Социјадемократската партија на Македонија.
Овие две партии до ДИК во рок од 48 часа ги доставија сите неопходни документи за утврдување на нивните кандидатски листи.
Со ова, Државната изборна комисија ги утврди сите 14 поднесени листи за пратеници на пет коалиции и партиите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 27 април.
Утре напладне во ДИК ќе се одржи жребување за редоследот на листите за кандидати за пратеници на избирачкото ливче