Денеска на последната одржана седница на Државната изборна комисија беа соопштени податоци за излезноста и текот на гласањето за време на денешниот ден.
Своето право на глас денеска можеа да го остварат посебните категории на гласачи, а тоа се лицата кои се пријавени како болни и немоќни, лица кои се наоѓаат во казнено поправни установи, лица во вонсемејни установи, како и внатрешно раселените лица.
Според првичните податоци на ДИК, како болни и немоќни лица вкупно гласале 7861 лица.
Од домовите за вонсемејна грижа, од вкупниот број 357 пријавени гласачи, правото на глас го оствариле 80,62%, односно 234 лица.
Од казнено поправните установи правото на глас го искористиле 74,53%, односно 1235 лица.
Од ДИК посочуваат дека овие податоци ќе се докомплетираат во текот на утрешниот ден кога ќе пристигнат и останатите податоци.