Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека го одложува рокот за рокот за доставување на извештајот за реализирани услуги и фактурата која содржи примерок од објави од страна на печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), којшто истекува денеска (17 јули 2020 година), согласно Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници.
-Со цел медиумите да не бидат оштетени овој рок ќе биде одложен и целосната документација печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) ќе можат да ја достават во следниве неколку дена без притоа да трпат какви било последици, се наведува во соопштението од ДИК.