
Следниот податок за излезеност на гласачите ДИК ќе го соопшти по 17 часот.
Гласањето се одвива мирно и без проблеми. Околу 9 часот имаше петнаесетминутен прекин поради проблеми со УВ-ламбите, но тие се заменети и гласањето продолжило.
На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и од невладини организации, забележително е и присуство на припадници на полицијата.
Првичните резултати од гласањето се очекува ДИК да ги соопшти на прес-конференција во 21:30 часот.
ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.