ДИК ќе расправа за повеќе точки поврзани со референдумот

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледува и усвои  барањата за добивање овластувања за набљудување на референдумот 2018 година, поднесени од ТВ Канал 24 – Русија, Амбасада на Република Албанија, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Национален ромски центар Куманово, Амбасада на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ ОДИХР (дополнување), Фондација за спасување на Земјата (дополнување), Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје и  ЦИВИЛ – Центар за слобода (доолнување).

На дневниот ред на седницата се и предлог Упатството за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, предлог Упатство за гласање, како и за важечки и неважечки гласачки ливчиња на Референдум на државно ниво.

Како што е најавено ДИК ќе расправа и по предлог Одлуката за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи.