Претходно вчера Комисија објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб – апликацијата.
Комисијата на синоќешната седница усвои анекс на Извештајот од проверките во кој се наведени овие бројки. Исто така се утврди начин по постапување по пријави од граѓани од веб-апликацијата на ДИК.
Комисијата информираше дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб – апликацијата на ДИК. Компјутерските стручњаци на ДИК ќе преземат 6.018 пријави да проверат дали некои од нив се наоѓаат во записите д вкрстената проверка по што ќе се знае колку ќе бидат проверувани на терен, а колку административно.
Државната изборна комисија денеска ги започнува обуките за овластените анкетари кои ќе ја вршат теренската проверка.