ДИК ги отфрли првите два приговора на Алијансата за Албанците и Алтернатива за вториот круг од локалните избори во Дебар.
Приговорите се однесуваа на јавното гласање на двајцата гласачи пред изборните совети, наместо зад параванот. Станува збор за избирачките места 0547 и 0547/1.
ДИК со мнозинство гласови оцени дека двата приговора се неосновани бидејќи не била нарушена тајноста на гласањето туку гласачот одлучил јавно да гласа што може да биде основа за кривична пријава против гласачите, но не и за нарушување на гласачкото место.