Пречистувањето на избирачкиот список е на самиот крај, останува уште МВР да ги провери податоците на неколку илјади граѓани.
Ова го покажува извештајот за прогресот на теренските и административните проверки на избирачкиот список кој на денешната седница беше усвоен од страна на Државната изборна комисија.
Претставниците на СДСМ гласаа против, за разлика од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните експерти.
На крајот од седницата, пристигна уште еден извештај од МВР за прегледаните податоци. Тој ќе треба да се изгласа утре кога се очекува Државната изборна комисија да констатира дека избирачкиот список ќе биде чист за изборите на 5ти јуни.
Во исто време, на Министерството за Внатрешни Работи му останува задачата дали 106,000 граѓани за кои е несомнено дека постојат, трајно или привремено се надвор од земјата. За да се утврди каде ќе гласаат.