ДИК со оцена за фер и демократски избори без инциденти

За Државната изборна комисија (ДИК) шестите локални избори во Република Македонија одржани во неделата минале во демократска и фер атмосфера, без инциденти.

„Во текот на изборниот ден комисијата прими 50 приговори на граѓани за заштита на избирачкото право, а на петмина од нив приговорите им биле прифатени, по што тие гласаа“, рече во кусата изјава за медиумите портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Комисијата преку својата портпаролка им се заблагодари на сите учесници во изборниот процес што овозможија овие избори да бидат фер и демократски.