Државната изборна комисија во рамки на денеска одржаната седма седница ги усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик и Одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20, пренесува МИА.
Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција, како и Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти ДИК.