Иако челниците на германскиот бундеслигаш Волфсбург пред шест месеци одвоија околу 17.5 милиони евра за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Луис Густаво, од ден на ден се погласни се шпекулациите дека одличниот играч за врска планира да ја смени клупската средина за време на измскиот преоден рок.
Германските медиуми потврдија дека 26-годишниот Бразилец веќе ги информирал клупските челници дека сака да си замине од редовите на Волфсбург и да игра за клуб кој моментално се натпреварува во Лигата на шампиони и кој повторно ќе се избори за место кое води во најпрестижното клупско натпреварување.
Ваквата информација на нозе беше дочекана од раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал и од тие на каталонскиот гигант Барселона, кои потврдија дека се подготвени да одвојат околу 20 милиони евра за одличниот играч за врска.