Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, на последниот клупски состанок ги информирал најблиските соработници дека сака за време на зимскиот преоден рок да купи најмалку еден фудбалер од светска класа.
Близок извор до клубот потврди дека Тохир прво ќе се обиде да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Езекел Лавеци, а доколку не успее во својата намера, првиот човек на „нероазурите” ќе испрати понуда до тимскиот колега на Лавеци, репрезентативецот на Бразил, Лукас Моура.
Лавеци е моментално проценет на 25 милиони евра, додека Лукас е проценет на 35 милиони евра, но Бразилецот има статус на недопирлив.