Поранешниот репрезентативец на Бугарија и се уште фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Фулам, Димитар Бербатов, најверојатно ќе биде последната зимска аквизиција на градскиот ривал Тотенхем.
Искусниот напаѓач најверојатно по пауза од неколку години повторно ќе се врати на „Вајт Харт Леjн”, а во обратната насока ќе се упати германскиот интернационалец Левис Холтби, кој во следните шест месеци ќе настапува како позајмен фудбалер на “Кревин Котиџ”.