Димитријевиќ во трка за најдобар млад играч во Шпанија

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се најде во изборот за најдобар млад кошаркар во шпанската Ендеса лига.

Плејмејкерот, кој ги брани боите на Хувентуд, во актуелната сезона имаше одлична сезона во шпанското првенство, но и на меѓународно ниво, а сосема заслужено во голем дел од натпреварите беше и во првата петорка добивајќи голема минутажа. Тој се најде на списокот од 12 млади кошаркари, а гласањето ќе трае до 24 јуни. Во изборот одлучуваат гласовите на фановите, тренерите од Ендеса лигата и самите играчи.

Димитријевиќ оваа сезона бележеше во просек по осум поени и 3.3 асистенции за 18 минути минати на терен, додека во Еврокупот пред прекинот на сезоната имаше двоцифрен учинок од речиси 12 поени и четири асистенции по натпревар на вкупно 15 одиграни натпревари.