![DIMIKTRIEV](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/DIMIKTRIEV.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Премиерот Емил Димитриев по денешната посета на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изјави дека оваа Влада е политичка, а не Влада за спроведување на изборите, бидејќи нема датум за нивно одржување.
Тој додаде дека се сконцентрирани на реализација на програмата.
– Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен – техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите. Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада концентрирана на реализација на програмата со која го добила мандатот, рече Димитриев одговорајќи на новинарско прашање.