Димитриев: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ и во иднина

И до сега покажавме дека наш врвен приоритет е реализација на виталните интереси на Македонија, како што се меѓународната интеграција, развојот на економијата, инфраструктурата, отворање на нови работни места, така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на Република Македонија, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев во Дневникот на Сител.

Како партија, додаде тој, наша визија, наша цел, е да изградиме држава за сите што живеат во Македонија.